Деновиве кога бројките на заболени од Ковид -19 повторни се високи, продолжуваат забавите низ угостителските објекти во земјава, без почитување на здравствените протоколи. За да биде уште почудно, како организатори се јавуваат локали кои веќе беа во судир со законот и со владината забрана за организирање прослави во затворен простор, за што сведочи ова видео од струмичкиот локал „ Аватар“. Но, најсвежиот пример од фотографијата се забавите овој викенд во скопскиот бар МОШ, кој при нашата посета , не работеше. Вчера вечер и во петокот вечерта овдека се одржуваа забави со регионалната ѕвезда Владо Георгиев, без да се почитуваат протоколите за заштита од Ковид- 19. На терен беа и од Државниот просветен инспекторат и од МВР, но забавите не беа запрени.
За пречекорено работно време, „ МОШ“ веќе е казнет со налози од 2, 5 илјади евра, во врска со неодамнешниот настап на црногорскиот пејач Сергеј Четковиќ, а решение за затворање на објектот ќе добие кога инспекторот кој сега е во самоизолација , ќе се врати на работа. Кривична пријава ќе има и за непочитувањето на протоколите, од сношти, велат од Д П И. Од таму ќе бараат законски измени за пломбирање на вратите на непочитувачите.
- Правиме напори како инспектори да ни се дозволи , да може еднаш да ги празниме и пломбираме локалите, за да не ни се случува ова што сега го имаме. Но, се уште немаме таква можност, односно немаме таква надлежност – Стојко Пауновски – директор на Државниот пазарен инсекторат.
Граѓаните поделени околу организацијата на забави и прослави во затворен простор. Некои им ве- руваат на протоколите од Владата, а други сеуште не веруваат во постоењето на корона вирусот.
За одржани 4 свадби во Скопје, 2 во Тетово и една во Струга и за уште 9 локали кои ги нарушиле здравствените протоколи ќе следуваат 16 кривични и 3 прекршочни пријави во паричен износ, а ќе следат и затворања, согласно пречекореното работно време. Дел од скопските локали каде вчера имаше контроли – денеска не работеа.
Сотир Трајков