Македонија Најважни

Најавени 16 кривични и три прекршочни пријави за угостителски објекти

Свадба во Струга, две свадби во Тетово, четири свадби во Скопје,  и уште девет локали ги нарушиле здравствените протоколи и за сите ќе следат кривинчи пртијави во наредните денови, вели за Телма директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски.

За забавата во скопскиот кафиќ „Мош“ откако завршила инспекцијата –  информирана е и полицијата дека покрај изречените казни тие продолжиле со работа, по што дошла и полициска екипа.

„Мош“ е казнет вечерта кога гостувал Сергеј Четковиќ и има платни налози од 2,5 илјади евра. А, како што објаснува Пауновски, решението за затворање мора да го изготви и достави инспекторот што го казнил но тој во моментот е во самоизлоација. Тој најави дека наредната недела ќе биде затворен овој локал.

„Правиме напори како инспектори да ни се дозволи да може еднаш да ги празниме и пломбираме локалите, за да не ни се случува ова што сега го имаме. Но се уште немаме таква можност, односно немаме таква надлежност“, објаснува Пауновски на Телма.

Пречекорување на работно време и здравствени проколи имало и во струмички „Аватар“, како и „Император“ од Битола.

А во Скопје во „Интермецо“ контроли правела полицијата.

Според Пауновски за три правни лица кои извршиле пречекорување на работно време, се изречени прекршочни пријави во паричен износ и ќе следи затворрање од 10 до 30 дена зависно колку го пречекори работното време.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе