Култура

Министерката за култура Стефоска во посета на Могилата на непобедените

Министерката за култура Ирена Стефоска, денеска го посети меморијалниот комплекс- Могила на непобедените во Прилеп. Ова е прва нејзина, од веќе најавените посети на терен, на спомениците од НОБ , низ целата држава,.  Планирано е тие да се обноват, по долгогодишната запуштеност и девастација. За таа цел, ќе биде изготвена и посебна листа на загрозени културни добра кои сведочат и го прикажуваат антифашистичкиот период во Република Северна Македонија, потенцира министерката Стефоска.

Посететата на Могилата на непобедените во Прилеп на министерката , доаѓа во пресрет на 11 Октомври, кога се слави денот на македонското востание против фашистичкиот окупатор , во 1941 година

Меморијалниот комплекс во Прилеп од 1961 година, е авторство на истакнатиот југословенски архитект, Богдан Богдановиќ.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Македонската филхармонија вечерва во Солун со „Кармина Бурана“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе