Македонија

Непочитување на мерките за коронавирусот ќе им го скрати работно време на локалите

Нема да има полициски час, но ќе има намалување на работата на локалите во предлогот кој Комисијата за заразни болести попладнево ќе го достави до владата за да се намали ударот на есенскиот бран на коронавирусот. Од Комисијата за Телма велат дека непочитувањето на мерките не може повеќе да се толерира. Мерки ќе има и за јавниот превоз, како и за органзиирање на настани.  

Намалување на работно време на угостителските објекти дефинитиво ќе биде мерка која Комисијата за заразни болести ќе и ја предложи на владата за да се намали есенскиот бран на коронавирусот. Откако Комисијата ги сумира податоците за состојбата со вирусот попладнево на состанок таа ќе ги даде конечните предлози, меѓу кои најверојатно ќе се најдат и мерки за организирање на градскиот и меѓугарадскиот превоз, како и забрана за јавни настани.

„Такви рестриктивни мерки од типот на полициски час, да не се работи три дена, да се седи дома и т.н. тоа сигурно нема да биде предложено и спроведено. Но скратено работно време на локалите, тоа сигурно ќе биде. Сите овие настани, што не мораа да се одржат – не мораше Владо Георгиев да доаѓа и да пее – тоа ќе се укине. Ќе има рестриктивни мерки, нема да бидат како во првиот бран, но ќе бидат“, вели за Телма  Александар Стојанов, директор на Центар за јавно здравје – Скопје.

Работењето на угостителите се најде дневен ред на Комисијата откако почнаа да растат бројките на новозаболени со коронавиру, а дел од локалите не престанаа со организирање масовни забави, и на затворено, без почитување на мерките.

„За тоа се тие протоколи да се намали инциденцата, да се намали преносот на инфекција. Ги добија мерките за да не ги почитуваат. Е па сега, со убедување, седум месеци се убедуваме, оставате на свест на луѓето, луѓето си тераат како ништо да не било. Сега они ги ставаат казните во цехот на свадбата и продолжуваат понатаму. Заначи треба нешто дефинитивно да се направи околу таа работа“, е ставот на Стојанов.

За домашните забави и веселби за кои се уште не постои законска можност за санкционирање Стојанов вели дека тоа е во рацете на законодавците, а за свеста на луѓето вели дека е на многу ниско ниво.

Таму пак каде се почитуваат мерките бројките покажуваат дека заразата е под контрола. Стојанов како такви ги посочи градинките каде досега имале само девет деца позитивни на вирусот, кој го донеле од дома, а не го пренеле на другите во групата.

Сепак и градинките и училиштата се под закана да бидат затворени доколку епидемиолошката слика продолжи да се влошува, пред се со непочитување на мерките и протоколите од самите граѓани.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе