Ковид19 Македонија Најважни

Почна првиот уличишен ден под корона протоколи

Ова е Лена. Третооделенка во Вера Циривири Трена во Карпош. Таа денеска по седум месеци повторно седна во училишна клупа. Сама , бидејќи ковид протоколите налагаат секој да седи сам, на растојание од сооучениците.  А , потоа заедно со своите родители ја чекаа приредбата за добредојде на првачињата. Првооделенците оваа година со наставничките и училиштето се запознаа на отворено. Сите со маски на лицата, пред да имаат можност да знаат како се викаат нивните другарчиња од одделение веќе научија за корона протоколите и дека да носат маска, да ги мијат често рацете и да ги дезинфицираат. Оние од второ и трето одделние пак, денеска го има првиот час. Наместо прегратка и поздрав на влез, мерење на температура, дезинфекција на раце па еден позади друг на растојание влегуваа во училна.

Како си го поминале летниот распуст нема да можат да им раскажат на сите, затоа што одделението е поделено во две групи. Нивните  блиски и покрај тоа што е пандемија сметаат дека е подобро децата да одат на училиште.

Инаку , во оние училишта, како ова, кои не добија дозвола да ги отворат вратите и за учениците од повисоките одделенија, првиот час  беше онлајн.

Еден месец подоцна од вообичаено, денеска со настава почнаа  270.000 средношколци и основци, меѓу кои 19.000 се првачиња. Од МОН почетокот на годината го оценија како успшен и за класичната и за онлајн наставата.

40.000 деца немаат компијутер за да учат онлајн од дома, денеска добија ветување дека ќе добијат до април, до тогаш ќе слушаат 15 минутни часоси на МТВ.

Теодора Цветковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кошта во Скопје – средба со Мицкоски, поддршка за ЕУ интеграциите

Дејан Дејан

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе