Македонија Најважни

Дебарските гимназијалци го бојкотираа првиот училишен ден, утре ќе протестираат

Во општина Дебар почетокот на новата учебна година не стартуваше само во  гимназијата „28 ноември“,  додека пак во деветотетките наставата  започна  без проблемни онака како што е предвидено со одлуката  Министерството.

Управата на  единиственото средно училчиште во Дебар соопшти дека наставниот кадар  бил во 8 часот на своите работни места, но учениците не се вклучиле во он лајн наставата како што е предвидено со одлуката на министерството за образование.

Директорот на оваа средно училиште Рамадан Имери, изјави дека родителите и учениците бараат настава со физичко присуство на учемниците бидејки сметаат дека оваа училиште има мошне добри услови за настава со физичко присуство.

Имери додаде дека и советот на Дебар бил информиран за барањето на учениците и родителите. Советот на Дебар пред неколку дена побара од страна на комисијата за заразни болести и министерството повторно да го разгледа барањето на дебарската гимназија .

Во ова единствено средно училиште во општината, заедно со  подрачните паралелки во село Могорче, настава на македонски и албански наставен јазик следат 584 ученици, од нив  156 во прва година, сите гимназиска насока.

Според директорот учениците и наставниците најавиле за утре протести пред гимназијата  на кои ке се побара уште еднаш од надлежните да се одобри настата со физичко присуство.

Инаку во трите деветолетки во општината Дебар два во Дебар и една во селото Горно Косоврасти и подрачните училишта, наставата стартуваше без проблеми онака како што е предвидено со одлуката на надлежното министерство.

Кенан Мимидиноски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Сите за Кочани трчаме“ заедно е слоганот под кој на 25 мај ќе се организираат хуманитарни трки во седум градови во земјава

Дејан Дејан

ДУИ: Албанците да бидат застапени при изборот на нов гувернер

Дејан Дејан

Kочанските средношколци со втора награда на натпреварот за млади претприемачи “Попри Интернешнал”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе