Македонија Најважни

Телма сторија: Четворица ученици еден стар компјутер, децата во семејството Стрезовски ќе учат од телевизија

„Како да им купам компјутери на децата, кога нема ни за храна“, вака разговоротсо нас  го започна Злате Стрезовски од Тетово, татко на 4 деца. Најмалото, годинава е прваче. Другите се петто, седмо и осмо одделение. За да следат настава на далечина потребна им е ИТ опрема. Стрезовски како глава на семејството работи постојано за да обезбеди егзистенија, но вели – тешко е. Живеат во куќа под наем, а само тој е вработен.

Пред извесен период од роднини добиле персонален компјутер. Поради тоа што е стар, не работи добро и на него не можат децата да следат настава, вели Стрезовски. Телевизорот како единствено решение, исто така има дамнешен рок на производство.

Стрезовски апелира надлежните да помогнат на семејствата како неговото.

Со истата мака се соочуваат родителите на 20 проценти од вкупниот број ученици во Општина Тетово. На овие деца единствено им останува да учат пред телевизиските екрани, од часовите кои ќе се прикажуваат на националните канали, без можност за интеракција со наставникот.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе