Македонија Најважни

Прв училишен дена за 270.000 средношколци и основци

Премиерот Зоран Заев и министерката за образование и наука Мила Царовска по повод почетокот на учебната 2020/2021 година ќе се обратат во основното училиште „Јан Амос Коменски“ во Карпош.

Училишната година првпат е одложена за еден месец и денеска треба да ја почнат 270 000 средношколци и основци, меѓу кои 19 илјади се првачиња. Еден дел ќе бидат во училниците и настава ќе следат според здравствени протоколи, а поголемиот дел ќе учат онлајн од дома преку националната платформа за учење од далечина.

Онлајн-наставата е веќе и законски регулирана откако беа изгласани измените на законите за основно и за средно образование. Законски се овозможени и исклучоци во однос на почетокот и завршувањето на учебната година во вонредни околности и кратење на наставните денови во учебната година од 180 на најмалку до 100.

Наставниот час ќе трае за десет минути пократко од регуларните во класичната настава, односно 30 минути во основното и 35 минути во средното образование.

За новата генерација студенти, факултетите денеска традиционално ќе одржат прв академски час, кој поради пандемијата ќе се организира на отворено или онлајн.

Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски новите бруцоши ќе ги поздрави со присуство на првите академски часови на платото на Правниот и на Филозофскиот факултет, а онлајн ќе се обрати и на првиот академски час на студентите на Економскиот факултет.

Од Правниот факултет соопштија дека на настанот ќе се обрати претседателот на државата Стево Пендаровски, а од Филозофскиот факултет, кој годинава одбележува и сто години од основањето, најавија обраќање на министерката за образование и наука Мила Царовска.

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ соопшти дека наставата во оваа академска година на дел од 23-те факултети ќе се одвива целосно онлајн, а на некои хибридно – онлајн и со физичко присуство поради природата на наставните содржини и методите на нивно изучување.

Свечен академски час денеска ќе организира и Факултетот за безбедност-Скопје при Битолскиот универзитет, кој ќе се одржи на факултетскиот стадион во населба Идризово. Од Факултетотот соопштија дека на врачувањето на индексите на нивните нови студенти ќе присуствува и ќе се обрати министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе