Се истражува дали новороденче кое се родило на клиниката за гинекологија е прв случај каде корона вирусот се пренел директно од мајка на плодот.
Извори за Телма од клиниката велат дека тоа е изолирано во засебна соба, но неговиот тест се покажал како позитивен. Сега се истражува дали можеби плодот се заразил уште во утробата или од мајчиното млеко, со што тоа би било првото бебе на кое има вертикална трансмисија што до сега не беше потврдено дека е можно за овој вирус.
Од клиниката за гинекологија ја потврдуваат оваа информација но оставаат простор за сомнеж бидејќи ниту мајката ниту новороденчето немале симптоми на вирусот. од друга страна сепак мајката имала хроничен хепатит б поради што тоа веднаш морало да и биде дадено на доење.
Првичните тестови и на мајката и на бебето биле позитивни, со тоа што мајката имала позитивен тест но само на еден антиген а не на двата потребни. Поради ова по препорака на министерството дополнително се земени брисеви па ќе се чекаат новите резултати за да може да се истражува дали е ова прв случај на вертикална трансмисија на пренос на вирусот.
Инаку според изворите на Телма веднаш биле повикани и педијатри за да ја утврдат здравствената состојба на доенчето. Според лекарите за вертикална трансмисија се смета кога болест или инфекцијата миоже да се пренесе од мајка на нејзиното дете за време на бременост, породување или доење.
Во земјава имаше случаи на заразени бебиња но сите беа после неколку месеци од пораѓајот и како последица на начините на заразување кои ги утврди и СЗО.
Билјана Николовска