Вести Македонија

Нема двотретинска поддршка за одлуките на претседателот

Нема двотретинска собраниска поддршка за одлуките на претседателот Пендаровски, со кои државата три месеци беше во вонредна состојба. Пратениците на ВМРО ДПМНЕ донесоа став да бидат против од три причини: лошо справување со пандемијата, влошување на економската состојба и злоупотреба на правото за носење уредби од страна на Владата.

СДСМ потсетува дека за прогласување вонредна состојба имало консензус од сите партии, бидејќи со тоа е обезбедено брзо делување на Владата и на сите институции.

Од кабинетот на Пендаровски велат дека одлуките се донесени во согласност со Уставот, врз основа на образложени предлози од Владата и во услови на рспуштено Собрание.

Дополнително, се одржуваа и тематски седници на Советот за безбедност, а во два случаи и средби на претседателите на политичките партии, на коишто се изгради недвосмислен политички консензус за прогласување вонредна состојба. Уставниот суд ја потврди уставноста на одлуките на претседателот, а потврдувањето е во надлежност на Собранието.

Петте одлуки на претседателот денеска беа ставени на собраниска седница, но гласањето е одложено. Спикерот Талат Џафери вели дека не сака „да ги става пратениците од ВМРО ДПМНЕ пред свршен чин“, но смета дека Собранието треба да ги потврди одлуките на Пендаровски.

Професорката по уставно право Рената Треневска-Десковска смета дека ставањето на дневен ред на одлуките на Пендаровски три месеци по завршувањето за нивната важност е грешка бидејќи не може да произведе никакви правни последици. Смислата на уставната одредба е потврдување на претседателските одлуки додека трае вонредната состојба, а не по нејзиното завршување. Оваа состојба уште еднаш укажува дека ито ни е потребен Закон за вонредна состојба, потенцира Десковска.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Eспресо во Скопје 150 денари, во Софија две евра – работниците „бегаат“ во Хрватска и Словенија поради ниските плати во угостителството и туризмот

Дејан Дејан

И 41-от обид неуспешн за конституирање на собранието на Косово

Дејан Дејан

Мицкоски: Македонскиот идентитет се брише од извештајот на талибански начин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе