Вести Македонија

16 повредени војници во болница, се преврте автобус на МО

16 припадници на Армијата и возачот на автобусот се повредени во тешката сообраќајна несреќа на патот Штип-Радовиш кај местото викано Осми километар. Несреќата се случила пред седум часот при судир меѓу автобусот и комбе. Во автобусот се превезувале војници на АРМ од своите родни градови на работните места во Штип и Струмица. Според портпаролот на штипска КЛиничка болница-Марина Шуманска повредените се со полесни повреди, набиеници и скршеници.

Министерството за одбрана излезе со соопштение за несреќата, а во кое се наведува дека автобусот бил технички исправен.

Автобусот од типот „Сетра”  во сопственост на фирмата „Тритерол” од Струмица која го реализира организираниот транспорт на наведената релација, има потврда за исполнување на потребните технички услови за превоз на патници, се вели во соопштението на МО

Автобусот се превртел странично, а како дошло до судирот меѓу него и комбето истражните органи ќе соопштат по увидот на несреќата. Утринава овој пат беше во прекин, а возилата беа пренасочувани по новиот експресен пат, кој е во изградба.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарот кај валандовско Грчиште е под контрола

Дејан Дејан

Повисоки цени во однос на мај – услов за активирање на владини мерки

Дејан Дејан

Муцунски: Во 21 век идентитетот е категорија која земји што се нарекуваат европски се обидуваат да ја оспорат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе