Во јуни одложен за крајот на овој месец, а сега дефинитивно откажан за годинава. 55 МТф „ Војдан Черондрински“, требаше да ги покаже најдобрите претстави од сите 16 театари во земјава. Но, поради планираната бројност на домашните и странски гости, одлучено е да не се ризикува со појава на нов кластер инфицирани и формално одржување на програмата, потенцира уметничката директорка на фестивалот.
Запревме со претстави крајот на февруари со препорака, а потоа со конкретна забрана за одржување.Ќе им треба време да се вратат во живот, значи потребни се проби. Тркалезната сама, разговорите после претстава , гостите од надвор кои на минатиот фестивал беа, а овој требаше да биде позначен , поголем. Сето тоа стана невозможно, сместувањето, дружењата меѓу себе, вели Катерина Коцевска- уметничка директорка на МТФ „ Војдан Чернодрински“
Според Коцевска, во план е концептот за јубилејното издание на „ Чернодрински“ да се задржи в година, а ако поради пандемијата останат истите протоколи , за претстави со мал број актери, тоа ќе значи лимитирање при изборот на најдобрите театарски остварувања. Организаторите на 49 ИТФ„ МОТ“ пак, најавуваат задржување на континуитетот, но одложено издание за средината на ноември, наместо во септември.
Одржувањето на МОТ зависеше од повеќе фактори. Пред сѐ протоколите за работа во затворено, интерните протоколи на самите театри за работа на сцена на актерите, и нормално, што се однесува до меѓународната програма, до последно се надевавме дека ќе успеат дел од артистите што ги планиравме да дојдат во Скопје, вели Русе Арсов- директор на МКЦ
Останува неизвесно учеството на претстави од странство и квалитетот на програмата , воопшто, дополнува Арсов. Во регионот, МЕСС, ЕУРОКАЗ и „ Стеријно позорје“ не се откажаа поради пандемијата, БИТЕФ имаше вовед, но в година воедно ќе ги има 54 и 55 издание.
Сотир Трајков