Вести Македонија Најважни

Прва пресуда за Јанакиески, кој е рекордер по обвиненија од СЈО – втора за Груевски

Екс министерот Миле Јанакиевски од третиот кат во кривичниот суд, на пауза од судењето за „Титаник“ каде е обвинет, се спушти на првиот кат за да ја слушне пресудата за случајот „Шамари во Центар“ каде  е обвинет, но за насилство. Против него се водат осум процеси, но ова е прва пресуда. Условна, една година во затвор ќе лежи но само ако во следните 4 години стори кривично дело.

Некогашниот шеф на Миле Јанакиевски-  Никола Груевски сега пресудата лично не ја слушна, таа е втора  за него и повторно затворска од 1 и пол година. Но тој после пресудата за Мерцедесот и 2 годишната затворска казна за тој предмет, не е во земјава па неизвесно е кога ќе ја одлежи.

За судијата Душан Јосифов Клучен доказ бил еден прислушкуван телефонски разговор од јули 2013 та меѓу Груевски и Јанакиевски каде се слушало дека шефот на партијата бара шамари за тогашниот градоначалник Андреј Жерновски и насилство за дел од советниците.

Инаку денеска за дел од насилниците од Центар судот пресуди девет месеци условна казна ако не сторат кривично дело во рок од три години, а двајца се осудени на условни шест месеци со две години. Ова обвинение беше едно од првите поднесени од поранешното СЈО, и беше поврзано со носењето на деталниот урбанистички план Мал ринг во општина центар додека ВМРО ДПМНЕ ја имаше централната, а СДСМ локалната власт.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прегазен на пешaчка патeка пред владата

Дејан Дејан

Пожарот кај валандовско Грчиште е под контрола

Дејан Дејан

Повисоки цени во однос на мај – услов за активирање на владини мерки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе