Вести Македонија

Не е време за дискусии и мислења, туку за уривање дивоградби – сметаат архитектите

Сѐ уште се чека на средба на градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ со новата министерка за култура Ирена Стефоска.

Истата е најавена откако Владата даде мислење – во новиот, ревидиран ДУП за Мал ринг да ги нема ниту портата „Македонија“ ниту спомениците за Мајка Тереза.

Но, сега веќе не е време за дискусии и за договарање бидејќи проектот Скопје 2014 година е криминал сам по себе, смета архитектот Мирослав Грчев.

„Дивоградба се спречува исто како и секој друг криминал. Се спречува додека се планира, па потоа се интервенира кога ќе почне да се гради. Таму нема што да се дискутира! Таму треба да излезат багери и до средината на идната недела местото да биде вратено во првобитната состојба, просторот да им биде вратен на граѓаните и тоа да бидат улици, затоа што тоа се улици. Едната се вика „11 октомври“, другата е „Орце Николов““ИЗЈАВИ архитектот Мирослав Грчев.

Грчев повлече паралела со една друга дивоградба којашто во последно време ја заинтересира јавноста – онаа кај Мавровка, која им падна во раце на надлежните и чии столбови паднаа од силниот удар на багерите.

Тој објект е помалку „болен“ од Портата и споменикот на Мајка тереза, смета Грчев.

„За таа дивоградба којашто Е УРНАТА заради притисокот на јавноста, видовте колку чини уривањето – ништо не чини! Видовте колку трае – ништо, за недела дена еден багер, неколку камиона шут и отиде тоа. Толку им треба и на овие ужасни злостори“ смета Грчев.

Градоначалникот на Скопје, Шилегов, пак, повтори дека има нула надлежности во врска со отстранување на портата.

Сепак тој не го менува својот став околу проектот и вели дека се што е во надлежност на Град Скопје, е или ќе биде во процедура.

„Мојот став околу тоа останува непроменет. Градот упорно ги тера тие работи што ги има. Тоа се три галии и пет споменици. Еден споменик е отстранет, две галии се во тек отстранување“ изјави Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје.

Пред Нова година дефинитивно ќе бидат урнати две од галиите, и тоа во секоја можна варијанта – уверува Шилегов, иако веќе неколку месеци наназад се зборува истото.

Шилегов првично даде налог за дислокација на галиите од коритото на Вардар уште во февруари 2018 година.

Сѐ уште се чека да се види дали главните обележја од контроверзниот проект ќе бидат отстранети – нешто што градоначалникот Шилегов го најавува во целиот свој мандат кој веќе привршува.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе