Вести Македонија Најважни

Кацарска предложена за уставен судија, ВМРО ДПМНЕ обвинуваат за награда за заслуги

Едногласно, со 12 гласа „за„, судиите од Судскиот совет ја предложија судијката Добрила Кацарска за нов член на Уставниот суд. Предлогот, токму таа да седне во фотељата на досегашниот уставен судија, Владимир Стојановски, кому му истече мандатот во април, го даде судијката Гордана Спировска. Последниот збор го имаат пратениците,  кои за предлогот гласаат со просто мнозинство.Претседателот на Судскиот совет негира дека имало какви било политички пазарења околу изборот на Кацарска.

ВМРО ДПМНЕ ќе гласаат против, Кацарска да седне во Уставниот суд. Фактот што таа е предложена за уставен судија само еден ден по влегувањето во затвор на поранешната министерка за внатрешни работи, на која и досуди 4 годишна казна, за нив е доказ дека судијката е наградена за заслугата.

Покрај случаите „27 април„ и „Тенк„, во кој на затворски казни се осудени Никола Груевски, Гордана Јанкулоска и Ѓоко Поповски, Кацарска е позната и по судењата во случаите на СЈО,  „Триста”, „Транспортер” и „Поткуп”.

Таа е судија 30 години. Првпат е избрана во 1986 година и во Кривичниот суд работи на кривична материја – организиран криминал. Доколку биде избрана, во  Уставниот суд ќе има мандат од девет години. Догодина, мандатот им истекува уште на тројца уставни судии: Eлена Гошева, Никола Ивановски и Јован Јосифовски.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе