Миле Јанакиески побара ослободителна пресуда во завршниот збор на судењето „Насилство во Центар“. Тој смета дека обвнителството неосновано го профилира како близок соработник на Груевски. Токму таа квалификација за блискост со експремиерот, рече дека го чинела притвор пред две години, поради опасност дека Груевски ќе му помогне да избега. Вели одговара за шлаканици кои не се случиле, а и самиот бил жртва на прислушувањето , бидејки имало 80 илјади прислушувани разговори со него.
Откако Груевски не е во Македонија, притисокот за понесување одговорност е врз мене. Се водат 8 постапки против мене и секој ден сум во суд. Дали треба некој да биде жртвено јагне за да се понесе одговорност за нечии постапки. Рангелова е ослободена, Лазаров призна вина, Груевски си замина и што останува? Миле Јанакиески да биде огласен за виновен за некој да може да поентира дека победила правдата, вели Јанакиески.
Јанакиевски го уверуваше судијата дека не бил поттикнувач ниту давал насоки за насилни протести пред општина Центар во 2013 кога се менуваше ДУП-от за Мал Ринг. Вели обвинителството не успеало да го докаже па во последне момент пред три дена го сменило обвинението и го базира на исказот на Томислав Лазаров поранешен советник во општина Центар кој призна вина и доби условна пресуда, а кого Јанакиевски денеска го нарече Нинџа два, затоа што дал исказ за да се спаси себе си. Според него обвнителството селективно ги прикажало доказите и бомбите со цел да се претстави дека е насилник и пред време да биде осуден.
Креирањето на ново обвинение ме дискриминира како обвинет и го нарушува принципот на еднаквост на оружјата. Четири години докажував невиност по едно обвинение а сега на крај ми се ставаат нови елемнти кои не можам преку судска постапка да ги негирам и оспорам, затоа што пред три дена добив изменето обвинение
Адвокатите во завршниот збор неколку часа анализираа дека обвинителството не дало докази за насилство и поттикнување и рекоа ако Јанакиевски бил човек од доверба на Груевски немало да биде следен незаконски.
По повеке од три години судеење Насилство во центар утре треба да заврши со првостепена пресуда.
Елена Ивановска Мукоска