Почна жетвата на раните сорти на ориз, а комбајните поинтензивно ќе жнејат по 1 октомври во кочанско-виничкиот регион.Оризопроизводителите и годинава со со старите проблеми, ниту имаат цена, ниту е обезбеден откупот. Решение гледаат во тоа да се откупува оризова арпа, наместо белиот ориз. Бараат средба со ресорниот министер и системско решавање на проблемите, во спротивно револтот ќе го искажат со блокади.
Приносите годинава ќе бидат просечни, оризопроизводителите поради карантинските месеци ја задоцниле сеидбата и не можеле сите да набават сертифициран семенски материјал и препарати за прскање.
Во кочанско-виничкиот регион од година во година се намалуваат површините под ориз, причина е пред се сушата, но и младите не се заинтересирани да ја садат оваа култура. Оваа поле кое пред десеттина години беше само под ориз, сега низ него може да се видат неизорани ниви или се произведуваат други култури.
Викторија Димитрова Јованова