Свет

“Срам ми е од вас” – им порача претставничката на Трамп на шефовите на руската и кинеската дипломатија

САД, Кина и Русија ги судрија ставовите синоќа во Обединетите Нации околу одговорноста за пандемијата која го парализираше светот, разменувајќи обвиненија за тоа кој се справувал погрешно и го политизирал вирусот, во една од ретките дискусии во живо во рамките на социјално дистанцираното заседавање на Генералното Собрание, заради Ковид 19.

Жестоката расправа на Советот за Безбедност на светската организација, следуваше два дека откако генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, го потенцираше недостатокот на меѓународната соработка во борбата против коронавирусот, чие ширење и натаму е надвор од контрола.

Зборувајќи прв, шефот на кинеската дипломатија, Ванг Џи, го подвлече значењето на мултилатерализмот, критикувајќи ги државите , како САД, кои засега не се изјаснија дека вакцината против Ковид 19 треба да биде јавно здравствено добро достапно за сите луѓе.

“Во ваков тежок момент, големите држави се и обврзани на прво место да ја стават индината на човештвото, да се откажат од менталитетот од студената војна и идеолошките предрасуди и да се обединат во духот на партнерството за да ги надминат разликите” – изјави кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Џи..

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, подвлече дека пандемијата и нејзината споделена трагедија не успеала да ги намали меѓудржавните разлики, туку напротив, само ги продлабочила.

“Во многу земји очигледно постои искушение да се гледа во странство за да се најдат виновниците за сопствените внатрешни проблеми. Сведоци сме и на обидите на дел од земјите да ја искористат ситуацијата за да ги остварат своите тесни, моментални интереси, со цел да ги решат проблемите со непосакуваните влади или геополитичките конкуренти” – тврди шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

Во тон на шефовите на кинеската и руската дипломатија, се препозна и од нив  навредена се почувствува претставничката на администрацијата на Трамп, која своето обраќање го започна со укор на своите соговорници.

“Знаете што, срам да ви е, на секој од вас. Вчудоневиден сум и згрозен сум од содржината на денешните разговори. Всушност, јас сум навистина засрамен од овој Совет. Од членовите кои ја искористија оваа можност да се фокусираат на политичките проблеми, отколку на критичните проблеми кои ги имаме. Господе боже!” – изјави американскиот амбасадор во ОН, Кели Крафт.

Емотивната американската претставничка сепак не пропушти во своето обраќање да ја повтори тезата на Претседателот Доналд Трамп, дека Кина и владеачката комунистичка партија во оваа држава, се единствено одговорни за светската пандемија.

Острите реплики, на крајот на виртуелниот состанок под називот “Глобалното владеење во пост Ковид-19 светот”, се уште една потврда за длабоките поделби меѓу трите постојани членки на Советот за Безбедност, со право на вето, кои само се продлабочија откако вирусот прво се појави во кинескиот град Вухан, кон крајот на минатата година

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хутите тврдат дека лансирале балистички ракети кон аеродромот „Бен Гурион“ во Израел

Дејан Дејан

(ФОТО) Мексички воен брод удри во Бруклинскиот мост – загинаа двајца морнари

Дејан Дејан

Путин: Русија има доволно ресурси да го доведе конфликтот во Украина до „логичен“ крај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе