Свет

Претседателот на Европскиот совет во карантин

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел е во карантин поради близок контакт со лице заразено со коронавирусот.

Мишел строго се придржува до пропишаниот протокол, објавено е во Брисел.

Канцеларијата на претседателот на Европскиот совет претходно соопшти дека Мишел бил во близок контакт со службеник во обезбедувањето, кој бил позитивен на коронавирусот, со тоа што се возеле во ист автомобил.

Поради карантинот, Мишел мораше да го откаже самитот на лидерите на ЕУ закажан за 24 и 25 септември во Брисел, со кој требаше да претседава.

Портпарол на Мишел изјави дека претседателот на Европскиот совет последен пат бил тестиран на Ковид-19 во понеделникот кога резултатите биле негативни и дека сега се чека втор тест.

Самитот на лидерите на ЕУ засега е одложен за 1 и 2 октомври.

Кабинетот на Шарл Мишел одби да ги коментира можните ризици на кои биле изложени грчкиот премиер Мицотакис и кипарскиот претседател Анастасијадес, со кои Мишел се сретна претходниве денови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Минатогодишниот победник на Евровизија, Немо, ја отвори финалната вечер во венчаница и шубара

Дејан Дејан

Судир меѓу два хеликоптери во Финска

Дејан Дејан

Канцеларот Мерц ја брани новата миграциска политика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе