Десети ноември е крајниот рок до кога премиерот Зоран Заев очекува да се сретне со бугарскиот премиер Бојко Борисов за да разговараат за меморандумот кој Бугарија го достави на предлог-преоварачката рамка за земјава. Датумот кога точно ќе се сретнат зависи од Софија од каде како што рече Заев се чека повратен одговор. До тогаш, смета тој, добро е што продолжува со работа Комисија за историски прашања која пред една година заглави на прашањето за Гоце Делчев, а за кого тој денеска изнесе и сопствен став.
Токму за тоа, вели Заев постои, Договорот за добрососедство, но и Преспанскиот договор, за да може овие прашања да се решат.
И новиот евроамбасадор во земјава, Дејвид Гир, кој утрово беше на средба со Заев е на став дека добрососедските односи се клучни, но порача дека договорите со соседите треба да се спроведуваат добронамерно од сите страни.
Тојпо средбата рече дека Европската унија едвај чека да ги започне преговорите со Македонија, но за тоа да се случи потребно е прво да се усогласи преговарачката рамка за земјава меѓу земјите-членки
Дека целта на Германија е старт на преговорите со Македонија до крајот на година потврди вчера и германскиот министер за Европа, Михаел Рот, за што не треба на земјава да и се додаваат дополнителни критериуми, реферирајќи на бугарскиот меморандум на предлог-преговарачката рамка.
„Ние себе се гледаме како чесни олеснувачи за да се изградат мостови стабилни за сите и разговараме за прашањата со нашите бугарски партнери, затоа што треба да работиме врз основа на тоа за што сме се договориле заедно, не треба да воведуваме дополнителни критериуми и услови кои не фигурираат во заклучоците на Советот“, рече Рот.
Заев со Гир инаку разговарале и за очекувањата од земјава во делот на реформи, за при што во владеењето на правото тоа треба да бидат констатна, од почетокот до крајот, на преговорите со Унијата.
Тамара Грнчароска