Приватниот сектор максимално солидарно се однесуваше во текот на корона кризата и ги аморитзираше последиците од истата, рече во Топ Тема на Телма Благоја Грозданов од Сојуз на стопански комори. Приватните компании, малите и средните иако се соочувале со големи проблеми со ликвидноста, на секакви начини се обиделе да им излезат во пресрет на вработените чии деца не оделе на училиште и во градинка.
На крајот на денот доколку во државните установи нема услови, нема никаква логика товарот да продолжи да паѓа на компаниите. Сега веќе официјално заврши вонредната состојба и општествените текови мора да се вратат во нормала. Примарно мора да биде здравјето на секој поединец, но економскиот товар не може да продолжи да паѓа на приватниот сектор, вели Грозданов.
Според него неминовно е да се појават обиди за злоупотреби на мерките од страна на поединци, но најголем дел од луѓето се соочувале со реални проблеми.