Министерството за здравство се уште истражува зошто смртноста од Ковид 19 во земјава е голема, а се поголем е бројот и на млади кои ја изгубиле битката со вирусот. Од таму за Телма велат дека дале насоки на директорите на болниците каде се лекуваат овие пациенти и кои параметри да ги истражуваат, по што ке ги чекаат резултатите. Какви парамаетри и детали за истрагата на Министерството за сега нема, а ништо не откриваат ниту од државниот здравствен инспекторат. 23 годишно момче од Свети николе е последната жртва на вирусот, и е едно од седумтемина починати во минатотот денонокие. како потврен позитивен случај е на 17 септември откако претходно 4 дена бил со висока температура, силна малаксаност, кашлица и тешко дишење. Поради ова е однесен во болницата во Велес му дале терапија, но поради лоша клиничка состојба е итно префрлен на Инфективната клиника во Скопје.
Бил примен на 19 септември, починал еден ден по прием. Примен е со покачена температура, сатурација од 75% на собен воздух, тахикардичен, тахипноичен, со јазик сув бело обложен и ослабено дишење. Од претходни дијагнози, пациентот имал висок крвен притисок, обезност и епилепсија, со развиена пневмонија како последица на вирусот.
Ако се погледнат бројките во изминатиот период најцрн ден бил 2 јули кога беа регистрирани 15 жртви на корона вирусот. во таа најцрна недела просек бил деветмина починати. Само во изминатава недела дневно во просек пак умирале шестмина. Најамногу пак нови случаи имало на 17 ти јули 240, кога и неделниот просек се искачил на 150 новозаразени. Сега изминатава недела заклуно со денес пак се 134 просечно регистрирани нови случаи. Во денешната црна статистика влегуваат и двајца струмичани кои починале на 52 и 62, и по еден смртен случај во дебар на (54г), Штип (53г), пациентка од Прилеп на (66г) и пациент од Кочани исто така на (66г). Значително помал број во споредба со претходните денови се новозаразените 45 но од направени 552 тестирања. Оздравени пак се 86 пациенти а во моментов активни случаи со корона вирус се 2131.
Билајана Николовска