Македонија Најважни

Се испитува смртта на родилката на ГАК

Инспектори на здравствениот инспекторат веќе го порверуваат случајот со починатата четириерсет годишна родилка од Скопје. Внатрешната контрола на ГАК исто така почна и води своја истрага. Телото е дадено на семејството и погребано без да се изврши обдукција што ќе ја отежне истрагата на надлежните. Невладините реагираат,

Државниот здравствен инспекторат почна со вонреден инспекциски надзор околу смртта на четириесетгодишната родилка од Скопје кој викендов почина на Клиниката за гинекологија и акушерство. Случајот го испитува и Внатрешната комисија во склоп на ГАК.

Од Здравствениот инспекторат соопштија дека тројца инспектори рабхотата на случајот. Тие ја проверваат дцелукуипната документација на клиниката но и кај матичниот лекар и матичниот гинеколог на починатата.

Во тек е Седницата на Внатрешната комисија за контрола на квалитетот на работата на Клиниката за гинекологија и акушерство на која се разгледува и испитува медицинската документација  и историјат на починатата родилка како и изјавите на лекарските тимови кои работеа со неа.

Сериозен проблем при утврдувањето на точната причина за смртта и околностите под кои настапила е фактот што семејството го подигнало нејзиното тело без да се изврши обдукција.

Четириесетгодишна родилка од Скопје дошла во петокот на редовна контрола и испитување. Лекарите имале некои сомневања околу Цт Те Ге тестот и побарале од неа да поседи кратко време надвор за да може повторно да ја испитаат. Но таа заминала дома а попат почнале компликациите. Таа се вратила назад и по тестирањето за присуство на коронавирус лекарите одлучиле да извршат царски рез и да го извадат плодот кој веќе бил мртов. Таа продолжила обилно да крвари и во саботата попладне починала.

Од Клиниката, првично соопштија дека пореметувањето во коагулацијата било клучно и поради тоа лекарите не можеле да го запрат крварењето.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убиство со пиштол купен за 1 100 евра, девојка-возач за бегство и многу мистерии дали за штипската престрелка на турски државјани е одговорна дрога, девојка или одмазда

Дејан Дејан

Обинителство отвори истрага против пет лица за убиството во Штип

Дејан Дејан

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе