Заштита, дистанца и дисциплина. Ова се најдобрите препораки за борбата против корона вирусот, велат доктор Никола Пановски и д-р Ненад Лазарев, во вечерашната Топ Тема.
Успешното лекување, користејќи ги ефтините лекови како антикоагулантната терапија и декстаметазонот е причината поради која е намалена смртноста од корона вирусот на глобално ниво, смета доктор Пановски.
Според него, вината кај нас, најмногу е во забавите, кои се случуваат цело лето, но и пациентите од руралните области многу доцна се јавуваат на лекар со симптоми на болеста, па така додека да дојде резултатот од тестот може да се влоши состојбата. Според доктор, Ненад Лазарев, причината за високата смртност кај нас е и тоа што ние сме популација каде луѓето во повозрасните години имаат во најголем дел кардиолошки заболувања, а самиот вирус е подмолен. Можете да имате блага температура неколку дена, која одеднаш може да се зголеми и да ја влоши ситуацијата, вели д-р Лазаров.