Ковид19 Свет

Во поголемиот дел од Нов Зеланд укинати рестриктивните мерки

Премиерката на Нов Зеланд, Jасинда Ардерн денеска ги укина сите антиепидемиски мерки што беа во сила во земјата поради Ковид-19, со исклучок на градот Оукланд, кој е жариште на вториот бран на епидемијата, каде беа укинати само некои ограничувања.

Денеска во Нов Зеланд не се евидентирани нови случаи на зараза, така што вкупниот број на потврдени случаи на Ковид-19 е 1.464, а бројот на смртни случаи од болеста е 25.

Пред неколку месеци се чинеше дека во Нов Зеланд е запрена локална трансмисија на Ковид-19, но вирусот повторно се појави во Оукланд во август, па властите мораа повторно да воведат карантин во тој град.

Нов Зеланд има пет милиони жители, а во Оукланд, најголемиот град во земјата, од денеска ќе бидат можни собири во групи до сто луѓе.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Данска го презеде шестмесечното ротирачко претседателство со Советот на ЕУ

Дејан Дејан

Голем пожар на Крит, гори и кај Вурвуру, се евакуираат луѓе

Дејан Дејан

Масовен руски напад со дронови врз Одеса, повредени деца

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе