Економија

Шведска ќе ја поддржи својата економија со 12 милијарди долари

Активностите во шведската економија годинава ќе се намалат за околу 4,6 проценти, соопшти денеска шведската Влада и додаде дека во 2021 година од буџетот во економијата ќе „вбризга“ 105 милијарди круни или 12 милијарди долари.

Со тоа, Стокхолм сака да го поттикне растот на економијата погодена од пандемијата на коронавирусот.

Заедно ќе работиме на закрепнувањето на Шведска од кризата и за да изградиме поодржливо општество, се вели во соопштението на малцинската коалиција.

Буџетските мерки, како што се намалување на даноците за граѓаните и компаниите, како и повеќе средства за секторот за социјална заштита, веќе се широко познати во Шведска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со заем од две милијарди евра за брза пруга, јавниот долг може да скокне до 64,7 отсто

Дејан Дејан

Паолучи: Фокусирајте се на зајакнување на домашните темели на економскиот раст

Дејан Дејан

Втор ден расправа за ребалансот на буџетот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе