Македонија

Беса излегува од парламентарната група „Можеме“ но останува во Коалцијата

Пратениците Биљал Касами, Кастриот Реџепи, Фадил Зендели и Бастри Бајрами кои во Собранието влегоа како дел коалицијата „Можеме“ излегуваат од оваа пратеничкаа група и понатаму ќе дејствуваат како група пратеници на движењето Беса. За ова и писмено го известиле претседателот на Собранието. Колаицијата со СДСМ останува, уверуваат од БЕСА. Причината за ваквиот потег ја објаснуваат во поголема ефективност во Собранието. Со тоа што нема да бидат потпишувани како коалиција „Можеме“, туку како Беса, ќе ја задржат препознатливоста и ќе имаат повеќе можности за учество во Собранието.

И од СДСМ негираат разединување во коалициските редови. Координаторот на колацијата предводена од СДСМ Јован Митревски вели дека одлуката ја донеле заедно за подобро функционирање во Собранието, а тоа според него ќе се види во пракса и наскоро.

Со четворица пратеници Беса не можат да формираат пратеничка група во Собрнаието за што се потребни најмалку петмина народни избраници. Сепак Реџепи во разговор за Телма вели дека се отворени за петти  пратеник со кого би формирале заедно пратеничка група. Дали разговараат со некого не ни откри, но вели ако има нешто официјално ќе информираат.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обинителство отвори истрага против пет лица за убиството во Штип

Дејан Дејан

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе