Вести Економија

Со повеќе вложувања македонскиот туризам може да носи сериозен економски бенефит

Природните убавини во Југоистокот се посетени, но со мал капацитет за прием на гости. Вака локалните жители ги опишуваат убавините под Беласица. Смоларските и Колешинските водопади, како и Мокринсите извори се три локации на оддалеченост од само неколку километри, но.

освен природната убавина има малку содржини за подолго задржување на гостите.  Просторот околу Мокринските извори, коишто извираат буквално под столетните јавори, го одржува Никола Гочев. Вели дека има потенцијал, но недостигаат вложувања и млади коишто ќе работат.

Мокринци велат дека порано овде доаѓале автобуси со туристи, но и ученици на ексукрзија. За локланото население, пак, тоа е место каде што се прави скара, се собираат на Илинден со иселениците и се пее под јаворите.

Мокринските извори, освен што се природна убавина, имаат и практична намена. Со својата издашност од 40 литри вода во секунда, тие долги децении се користат и за наводнување на  полето под Мокрино.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Андоновски: Ќе разговараме со нотарските комори да се прифатат електронските документи како валиден документ

Дејан Дејан

(видео)Андоновски: „Електронскиот паричник“ е опција, не обврска

Дејан Дејан

(видео)Андоновски во Топ Тема: Има десетици компании кои што веќе работат исклучиво електронски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе