Дома сум и немам намера никаде да бегам, напиша ексминистерката за вантрешни работи Гордана Јанкулоска на социјалната мрежа „Фејсбук“ откако утрово се појавија информации дека таа ја напуштила државата. Таа го обвини МВР дека ја држи под опсада нејзината зграда која инаку е веднаш до министерството и дека ги вознемирува нејзините соседи.
„ Нема потреба од спектакли, опсада на зградата во која живеам, вознемирување и претресување на соседите. Ако некој ме бара јас сум дома и на крај памет не ми паѓа некаде да бегам. Ништо не е поскапоцено од секој момент поминат со семејството“, стои во статусот на Јанкулоска.
Од МВР пак демантираат и велат дека станува зборт за стандардни процедури.
„Преземаме стандардни полициски оперативни мерки и активности, а се уште од судот немаме добиено никаква наредба за нејзино спроведување. Кога ќе добиеме наредба од судот, ќе постапиме. За сите други информации надлежен е судот“, соопштија од МВР за Телма.
Јанкулоска треба да оди во затвор на издржување четиригодишната затворска казна, откако вчера Врховниот суд ја потврди одлуката на Апелација