Вести Македонија Најважни

Први знаци за несогласување на Илинденска околу етничките субвенции за вработување

Нема планирано пари од буџетот кои засега се планирани за субвенции за етничко вработување во приватни компании или во компании каде и државата има сопственост. Ова го знаат и двајцата вицепремиери, Груби и Битиќи. Од новововедената позиција на прв вицепремиер Артан Груби објаснува дека за идејата која тргнува од уставното начело за еднаква застапеност допрва се отвора дебата. Идејата беше дочекана на нож од јавноста поради искуството со раширените политичко-партиски злоупотреби за вработувања по клуч, а токму тоа го чуди Груби кој тврди дека квалитетот ќе биде пресуден за вработувања, а не етничката припадност.

Вицепремиерот Фатмир Битиќи е задолжен за економијата и треба да се грижи за развојот во кризното време, со Груби дели иста етничка, но различна партиска припадност, но и различно размислување. Уставот треба да им нуди еднаква можност на сите, а не да ги дели по припадност.

Ова прашање е дел и од владината програма за да се овозможи еднаков пристап на сите граѓани, а и во многу западни земји се применуваат вакви програми за припадници на малцинства дури и во приватниот сектор. Од друга страна, Европа и Америка промовираат и полова рамноправност која на Илинденска во првите владини ешалони се спушти на екстремно ниско ниво откако беа соопштени и предлозите на замениците министри. На листата од 16 заменици има само две жени, што значи дека од вкупно 36 членови на владата се најде место само за 6 жени. Особено потфрли ДУИ, не најде ниту една жена способна да стане министер или заменик. Груби вели дека е  случајност поради внатрепартиските промени бидејќи ДУИ била предводник на тоа поле и имала прва жена вицепремиер и прва градоначалничка во рурална средина.

Замениците министри ќе се гласаат на седница во вторник, од 16 заменици 5-мина се предлог на ДУИ, три на СДСМ, двајца од Беса, една од ДПА, а останатите се од помалите партии во победничката коалиција Можеме. Деветмина од предложените заменици завршиле или учеле факултет на скопскиот Универзитет, 2-ца на Штуловиот универзитет, а има и студенти од уште 4 домашни универзитети, и тројца кои студирале во странство- во Приштина, Задар и во Бурса-Турција. Најмногу заменици се педагози, 4-ца а меѓу нив е и дипломец по педагошка теологија Тројца се дипломирани економисти, двајца се правници, а има и новинар, психолог и професор по физичко –кој ќе биде заменик во одбрана. Етнички 8 заменици се Албанци, 6-мина Македонци и двајца Турци. Во цела влада нема член од помалите етнички заедници- ромската срспската, влашката и бошњачката.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе