Македонија

Истрагата за Попис привршува, Ахмети ќе биде сослушан во обвинителството на 2 октомври

Еден месец по сослушувањето во специјалното обвинителството за воени злосторства на Косово, лидерот на ДУИ Али Ахмети ќе треба да го посети и поранешното специјално обвинителство на Рузвелтова каде се уште се наоѓаат канцелариите на поранешните специјални обвинители.

Обвинителката Фатиме Фетаи за Телма потврди дека поканата е подготвена а датумот е 2ри октомври.

Предметот кој СЈО го отвори во март 2018 а го презема државното обвинителство односно обвинителството за организиран криминал пред една година, се однесува на пропаднатиот попис од 2011. Тогашните коалициони партнери Груевски и Ахмети се осомничени за злоупотреба на службената положба и штета на државаа од  2,8 милиони евра.

За да го сокријат фактот дека немаат политички капацитет да организираат реален попис но и за да ги сокријат неповолните факти за демографската и економската состојба на населението што резултирало со огромното иселување, осомничените се договориле да го стопираат пописот , објави  СЈО при отворање на истрагата.

Во косовското специјално обвинителство во поканите не стои во кое својство беше повикан Ахмети, иако тој тврдеше дека е сведок битен поради учеството во раководните структури на на ОВК.

Но за Попис е повикан како осомничен.

Дали ово статус ќе еволуира во обвинет или пак ќе биде сопрена истрагата против него обвинителството ќе донесе одлука и ќе соопшти по завршување на истрагата. Бегството на Груевски пак му обезбеди правна позиција во која поради тоа што не е сослушан да не може ни да биде обвинет.

За сега ова е последното истражно дејствие кое го предвидела Фетаи во овој предмет, но таа не исклучува дека можено е да преземе и други чекори ако тоа произлезе од исказот на лидерот на интегративците. Каква одлука ќе донесе обвинителството ќе се знае на крај од истрагата, но новиот закон за ЈО кој го преговараат  долго време партиите,  ја ограничи употребата на бомбите како директни докази во истрагите отворени по јули 2017 со што докажувањето на овие предмети зависат пред се од другите докази.

Ахмети запрашан за оваа истрага во повеќе наврати одговараше дека тој не е виновен за нереализираниот попис и дека за тоа одлучило Собранието

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Дејан Дејан

Истрагата за трагедијата во Кочани продолжува со распит на сведоци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе