Свет

Во Брисел продолжува дијалогот Белград-Приштина

Делегациите на Србија и Косово денеска ќе го продолжат техничко-експертските разговори за нормализирање на односите.

Европската унија, која е медијатор, најави дека ќе продолжат разговорите за темите покренати на последниот состанок на високо ниво, одржан на 7 септември во Брисел.

Се работи за ангажмани за немнозинските заедници и решавање на заемни финансиски побарувања и имот, што е дел од законски обврзувачки договор, рече портпаролот на ЕУ, Питер Стано.

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Белград-Приштина, Мирослав Лајчак на Твитер објави дека на денешното продолжение на дијалогот ќе се разговара за заемни финансиски побарувања, но не и за Заедницата на српски општини.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Данска го презеде шестмесечното ротирачко претседателство со Советот на ЕУ

Дејан Дејан

Голем пожар на Крит, гори и кај Вурвуру, се евакуираат луѓе

Дејан Дејан

Масовен руски напад со дронови врз Одеса, повредени деца

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе