Македонија

Организирани тури според животниот стил на Атиџе Муратова

Кој сака да печали од животниот стил на Атиџе Муратова, учесничка во нашиот двоен кандидат за оскар „ Медена земја“? Пешачките тури, најавени на сајтот на „Групер“ за деновите од викендот, по врвиците на Атиџе Муратова, се плаќаат со купон во висина од околу 2.300 денари, а со попуст од 17%, чинат околу 1.900 денари. Тие започнуваат со собирање на учесниците во 8 и 30 часот на сред село Дорфулија, во сабота и во недела. Доколку заради временските услови турата се откаже од страна на организторот, тој ќе ги пренасочи уплатените сретства на учесниците за следната тура. Но, доколку купувачот на купон ја откаже турата или задоцни, не ги добива парите назад.

Во случај на откажување на турата од страна на купувачот на овој купон, паричните сретства не подлежат на рефундација или пренасочување за некој од наредните термини. Во случај на доцнење на гостите и непочитување на даденото време за почеток на турата (08:30 часот), организаторот не е должен да ја спроведе во целост агендата за тие гости. Доколку гостите задоцнат повеќе од 30 минути (09:30 часот), турата пропаѓа без рефундирање на паричните сретства и организаторот не превзема никаква одговорност.

Иницијаторот на турите преку агенцијата Инџој Балканс, Александар Ендровски, во телефонскиот разговор за Телма вели дека парите не се враќаат ако учесниците се откажат 24 часа пред стартот, зашто не ќе може да се соберат сретства за Атиџе, за чија подршка се наменети. Тој потенцира дека турите ги организира без остварување лична корист. А, од Министерството за економија со одговор дека за вакви тури не постои посебен регистар, дека агенциите немаат обврска да добијат дозвола од нив, за да ги организираат и дека сега поради пандемијата со Ковид- 19, агенциите се насочени кон домашните туристи и дестинации.

Пешачките тури се во траење од 9 часа, а во должина од 14 км, на средно – лесна патека, од сува прашлива земја и каменест ронлив предел. Вклучуваат движење, посета на традиционална турска куќа, посета на Атиџе, превоз од и до селото Кишино, брифинг и слободни активности.

Минатата недела Атиџе Муратова бараше помош од локалната полиција заради срушеното живеалиште на нејзината крава од страна на соседот, кој исто така е вклучен во „ Медена земја“, со алчниот однос кон нејзините пчели.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

„Повредата е толку осетлива што од минута во минута создава нови проблеми“ вели мајката на повредениот син во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

(Видео)Нов протест за Фросина – нејзиното семејство незадоволно од пресудата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе