Вести Македонија

Во тензична атмосфера изгласани собраниските комисии

Навреди, меѓусебни обвинувања, аплаузи и упаѓање во збор. Вака течеше денешната сеница на Собранието на која, по два месеци од изборите, конечно се отвори патот за носење на закони.Тенизиите почнаа откако пратеникот Антонио Милошоски уште на почетокот обвини за кршење на деловникот. Реагираше дека, пред да се стави изборот на собраниските комисии на дневен ред, треба да се донесе одлука за тоа.Се повика на праксата од сите досегашни состави, на што реагираше собранискиот претседател, велејќи дека е важечка старата одлука, затоа што никој не побарал да се смени бројот на комисиите. Пратеничката Сиљановска, за пропустот го обвини претседателот на Комисијата за избори и именувања.

Следеше бурна реакција на пратениците од СДСМ и реплика на Костадинов.

Претседателот на Собранието побара коректен однос од сите.

На крај, точката беше изгласана со 98 гласа „за„. Коалицијата СДСМ-БЕСА ќе раководи со Законодавно-правната комисија, со Одбрана, Политички систем, Економски прашања, Образование, Култура и Мандатно-имунитетни прашања. Коалицијата на ВМРО ДПМНЕ ќе има претседатели во Комисијата з анадворешни работи, комисиите за надзор над прислушувањето и разузнавачките агенции, земјоделство, транспорт, локална самоуправа и еднакви можности на мажите и жените. ДУИ ќе раководат со Уставната комисија, Комисијата з аЕвропски прашања и Комисијата за здравство, а Алијанса и Алтернатива со Анкетната комисија и Труд и социјала.

Далиборка Демјанска Цветановска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Кој ќе биде нов гувернер ?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе