Претседателот на ИНТЕГРА, Љупчо Ристовски, побара извинување од лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за изнесените тврдења дека биле финансиски помогнати да направат штета во опозицијата и да се поделат гласовите и најави дека ќе поднесе тужба за клевета и ќе бара оштетат од 100 илјади евра кои ќе ги донира во добротворни цели.
Околу трансферот на дел од членството од ИНТЕГРА во ВМРО – ДПМНЕ, Ристовски тврди дека станува збор за лица кои се исклучени од партијата и разрешени од партиските функции.
Поранешниот член на претседателото на Интегра, Воислав Зафировски, изјави дека тој и неколку члена самоволно ја напуштиле партијата бидејќи лидерот на Интегра, Ристовски, не дозволил пред изборите да коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ.