Вести Македонија

Денеска повторно гореше депонијата зад кејот на реката Вардар во Скопје

Три пожарникарски возила и екипа од 8 пожарникари цело утро ги гаснеа пламените јазици на дивата депонија кај спортската сала Борис Трајковски. Екипите на терен јавија дека бил запелен шут ио отпад, а гаснењето било отежнато затоа што цистерни и возила тешко се пробиваа низ неасфалтираните тесни улички.

Инаку , на терен имаше и механизација од о Карпош, а од таму велат дека неколкупати го чистиле местото од шут и друг отпад, дека се ставивне и огради за да се спречи влегување со но и понатаму , на оваа локација никнува дива депонија.

Најверојатно станува збор за индивидуално фрлање и палење на отпад, што треба да утврдат надлежните служби. Инаку овластениот еколошки инспектор од Општина Карпош веднаш изелезе на увид на терен, а Општината повторно презема обврска да го расчисти спаленото ѓубриште.

 

Депонијата кај салата „Борис Трајковски“ беше запалена во април 2019, а од март годинава почнаа градежните работи за изградба на парк.

Теодора Цветковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе