Македонија Најважни

Наредната недела ќе се бираат заменици министри

Наредната недела Владата ќе се комплетира со заменици министри и државни секретари, а се договараат и директорските позиции во најважните институции. ДУИ ќе предложи заменици во пет министерства, потврди првиот вицепремиер Артан Груби и објаснува дека се прави ротација во раководствата на повеќе агенции и фондови, заради поголема продуктивност на кадрите.

Се комплетира Владиниот кабинет. Петмина од замениците министри ќе бидат од ДУИ. Веќе се шпекулира дека досегашниот заменик за внатрешни работи, Агим Нухиу, ќе оди во Правда, а на негово место ќе дојде поранешниот директор во Телеком Назим Буши.

Се очекува за заменик во Здравство да биде предложен директорот на Ургентниот центар Илир Хасани, од Финансиска полиција во Одбрана да дојде Башким Хасани, а во Транспорт и врски – членот на Судскиот совет Беким Реџепи. Официјално, првиот вицепремиер Артан Груби дава потврда за ресорите, но меѓупартиската поделба на директорските места и имињата на новите раководители ги нарекува шпекулации.

5 заменици министри и 5 државни секретари за ДУИ, но и 5 ротации во раководењето со агенции, фондови и други државни институции, објаснува Груби.

Во коалицијата „Можеме“ се уште се договараат кадровските решенија. Значаен дел од замениците министри  треба да дојдат од редовите на коалициските партнери на СДСМ, кои останаа без претставници во Владата откако беа укинати 7-те министерски функции без ресор.

Министерот Груби најавува дека една од првите задачи на министерството за политички систем ќе биде распределба на илјада и 300 вработени во различни државни институции и признавање на факултетските дипломи на сите административци.

Во тоа ќе му помогне тим од универзитетски професори, меѓу кои Борче Давитковски, со кого има намера да се сретне, како и Насер Зибери, со кого веќе се сретна.

Проблемот со вработените кои земаат плата а не доаѓаат на работа е долгогодишен. Се најде работен ангажман за неколку илјади, но над илјада се уште не ја заработуваат својата плата.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Кочани заврши ,,Маршот на ангелите”

Дејан Дејан

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе