Македонија Најважни

ВМРО-ДПМНЕ интегрира во своите редови дел од поранешното раководство на ИНТЕГРА

Поранешни Интегративци се вдомија во опозициската ВМРО ДПМНЕ.  Од денеска се членови, но не е исклучена можноста да добијат и раководни позиции, во зависност од нивната стручност.

Ова го најави лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски кој денеска ги прими во партиската зграда.

Ова се случува со поткуп, закана и уцена, велат од ИНТЕГРА. Според нивниот лидер дел од одметниците се разрешени уште минатиот месец, а дел добиле време да одлучат што понатаму.

“ДП*НЕ во својата немоќ да се поврати од пропаста, прибегнува кон подли методи на клиентелистички поткуп, уцени и закани кон лидерството на ИНТЕГРА, свесни дека како партија и идеологија го губат тлото под нозете и дека ИНТЕГРА го презема приматот во опозицијата врз македонските национални интереси” – соопшти ИНТЕГРА.

Меѓу оние кои заминуваат во ВМРО ДПМНЕ, е и поранешниот антикорупционер Воислав Зафировски, а кој предизборно беше дел од претседателството на Интегра.

Тврди дека самоволно ја напуштиле партијата сега оти лидерот на неговата матична партија не дозволувал пред изборите да коалицираат со вмро дпмне.

ВМРО ДПМНЕ пак предизборно не коалицирало со ИНТЕГРА поради поткуп и опструкции од другата страна. Но токму трансферот на интегративците доаѓа во време кога дел од членството на ВМРО ДПМНЕ побара оставка од Мицковски поради поразот на изборите.

Тој пак вели дека за сега никој официјално не побарал вонреден конгрес. Жешката есен која ја најави започна со протести против поскапувањето на струјата а сега со новите членови ветија дека заедно ќе работат во уривањето на власта на премиерот Зоран Заев.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нови кадровски решенија по одлуката на Таравари

Дејан Дејан

Врховниот суд ја укина пресудата со 3 години затвор за Васил Јованов, но Кривичниот ја наведе како отежителна околност при изрекувањето на 12 години затвор за прегазувањето на Фросина Кулакова

Дејан Дејан

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе