14 и 11 дневно регистрирани нови случаи на заразени со ковид 19 изминатата неделе во Охрид го отворија прашањето дали летната сезона сепак си го стори своето.
Неделната статистика од центарот за јавно здравје покажува дека од 38 тестирани во периодот од 5 ти до 11 ти септември дури 32-ца добиле позитивни тестови.
Со тоа бројот на активни случаи во градот се искачи на 59. Во Струга и Вевчани пак биле земени 35 брисеви а позитивни биле 28-мина, а бројот на активни случаи е 60.
Од центарот за јавно здарвје во Охрид велат дека меѓу новозаразените има и здравствени работници, но кои не се заразиле на работното место.
Сепак смируваат дека состојбата е стабилна во регионот.
Но ако се погледне денешната статистика после главниот град кој има 566 активни ковид случаи и кој е прв на листата, втор по заболени е Куманово со 215.
Таму речиси секојдневно бројот на новозаразени е двоцифрен а од тамошниот центар за јавно здравје велат дека било очекувано за овој период бидејќи луѓето се на годишни одмори и се порелаксирани.
Високо на листата се и Прилеп и Тетово каде бројот на активни случаи исто така е троцифрен и изнесува 133 односно 120.
Инаку во денешната статистика процентот на новозаразени во однос на тестирања е девет па така се регистрирани 140 случаи од вкупно направени 1507 тестирања во изминатото денонокие.
Повторно Скопје е со најмногу 43 новозаразени, а двоцифрен е бројот и во Тетово – 12, Струмица 11 и Куманово 10.
Починати пак се 4 ца пациенти од Прилеп (71г), од Тетово (73г), од Гостивар (63) и пациент од Скопје (64г).
Министерството за здравство пак регистрирало 134 оздравени од корона вирус, а меѓу нив најголем е бројот од скопје 66 мина.
Во моментов бројот на активни случаи во целата земја е 1920.
Доколку се направи анализа на дневните статистики од почетокот на септември тогаш може да се забележи дека процентот на новозаразени во однос на тестирања секој ден се движел од 7 до 9 проценти.
Билјана Николовска