Македонија Најважни

Нефи Усеини и неговиот брат ќе се бранат од слобода

Во пресрет на судењето закажано за 22 септември охридскиот суд вчера ги пушти браќата обвинети за насилство да излезат од притвор откако  понудиле гаранција – деловен простор во Охрид проценет на 850 илјади евра.  Оваа гаранција била доволно висока за охридскиот судот да ја прифати и да им го укине притворот откако и обвинителството дало позитивно мислење.

По 16  дена минати во охридскиот затвор советникот на ДУИ и бизнисмен Нефи Усеини и неговиот брат Ибраим, излегоа од притвор. За да се бранат од слобода понудиле гаранција во недвижен имот проценет на 850 илјади евра. Кривичниот совет вчера ја прифатил гаранцијата и го укинал притворот, откако и обвинителството дало позитивно мислење , потврди за Телма претседателот на судот Васил Баткоски.

Државата ќе може да ја активира хипотека, ако браќата избегаат.  Станува збор за дуќан со вкупна површина од над 250 метри квадратни во нова зграда во Охрид, изградена од фирмата на Усеини. Вредноста на овој недвижен имот ја утврдил официјален проценител од Охрид.

Од обвинителството објаснуваат дека дале позитивно мислење за да се укине притворот бидејќи веќе собрани се доказите и има подигнато обвинение против,  но и со оглед на висината на гаранцијата.

Претходно одбраната нудеше гаранција во кеш од 30 илјади евра за да им биде заменет притворот, но иако охридскиот суд прифати, битолска апелација го укина ваквото решение.

Браќата Усеини ќе треба да се појават во судница на 22 септември за кога е закажаано првото рочиште. Обвинителството ги гони дека сториле грубо насилство врз  охриѓанецот Сприко Топаловски. Со предмет кој наликувал на пиштол браќата го удирале во главата и по телото и му нанеле повреди.

На почетокот Топаловски рече дека Усеини го удрил со пиштол, за потоа со писмена изјава да тврди дека оружје не видел туку дека бил удрен од позади и добил погрешен впечаток.

Кога судот првично им определи притвор браќата беа недостапни 6 дена по што сами се јавија во затворот.

За охридскиот советникот и бизнисмен имаше и други кривични пријави во минатото, но нема информација до каде се тие предмети.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Нашиот животен сон стана реалност – Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска, младоженци на годинашната Галичка свадба

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе