Македонија Најважни

Џафери: Да не правиме карикатура од Собранието

Ниту еден пратеник до сега не се откажал од патните трошоци. Доколку од Владата пристигне таква иницијатива, во согласност со предизборните ветувања на СДСМ, спикерот Џафери ќе побара и сите други функционери да се откажат од овој надомест и на работа да си доаѓаат со тротинети.

На првиот брифинг со новинарите во овој мандат, Џафери сподели перцепција дека, наместо Собранието да ужива статус на државна институција, некој се обидува да направи карикатура од него, а пратениците да ги прикаже како извор на зло.

СДСМ вети дека пратениците нема да подигаат патни трошоци. Зоран Заев и Љупчо Николовски јавно се откажаа од нив, но беа пратеници нецел месец, а како министри не се огласиле по ова прашање.

Секоја година, Собранието троши околу половина милион евра за оваа намена. Еден пратеник од подалечните градови месечно може да инкасира и  две илјади евра за доаѓање на работа, но тоа право им следува на сите избрани и именувани функционери кои не се од Скопје, а не само на 120-те народни избраници.

Џафери предупреди дека во изминатите 30 години не е посочен начин за алтернативно функционирање на Собранието при вонредна состојба.

Време е да почне да се размислува зашто секој предлог за онлајн седници е условен со тендер,  трошоци, со посебен софтвер и менување на Деловникот низ постапки што може да траат неколку месеци.

Опозицијата е подготвена да разговара на оваа тема, но само за епидемиска или друга вонредна ситуација.

Владата веќе држи онлајн седници. Ако е возможно, соодветно и законито, Собранието може да го користи истиот софтвер, рече Џафери на средбата со новинарите.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Во Кочани заврши ,,Маршот на ангелите”

Дејан Дејан

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе