Македонија

Битката за правда Димитриевска ја продолжи пред советот на јавни обвинители

Сопругата на  Гоце Димитриевски, кој животот го загуби во сообраќајката кај Млечен пред две години, ја продолжи битката за правда во Советот на Јавните обвинители. Бара обвинителката која го водеше овој предметот да биде разрешена.

Човекот кој ни го пресече патот на две полни линии  требаше да одговара дека делотот го направил со умисла а не од небрежност вели Димитриевска. Таа има забелешки и за наредбите за вештачење, но и за тоа што обвинитeлката не ги обезбдила медицинските документите со кои ќе докаже дека поради сообраќајката Наташа го изгубила плодот а не само сопругот. Тоа го направил нејзиниот адвокат.

-Обвинителката не го товари обвинетиот и за кривичното дело Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода. Тој наместо да ни укаже помош, самиот си барал за себе и тоа уште истиот ден кога нија ја предизвика кобната сообраќајна незгода и ми го уништи животот, живото на нашите родители, на нашите семејства, на пријателите пишува Димитриевска во претставката.

Претседателот на советот Ацо Колевски во тие момети беше на средба со министерот за правда Маричиќ каде меѓу другото разговарале и за реформите, борбата со криминалот но и за одговорноста на обвинителите. Во телефонски разговор ни рече дека претставката на Димитриевска ќе ја разгледаат и ќе побараат од повисоките обвинителства да направат увид во работата на обвинителката.

Статитиката што ја добивме од Кривичниот суд покажува дека голем е процентот на условни казни во предметите каде обвинетите се гонат за Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од став 4 – истата законска одредба за која се гони и обвнетиот за сообракајката кај Млечен.

Од почетокот на 2018 до сега во кривичниот суд во биле примени 42 предмети по оваа законска одредба која се однсува на сообраќајки со смртни последици сторени од небрежност и предвидена казна затвор од 1 до 5 години.

Од 33 предмети кои имаат првостепена пресуда во 13 предмети Кривичен пресудил ефективна затворска казна. 15 предмети завршиле со условна казна од кои во три случаи, пресудена е условна со заштитен надзор. Тројца обвинети биле ослободени од обвинение, во еден предмет било одбиено обвинеието во еден тужителот се откажал од обвинението. Во овој период 21 пресуда станала правосилна.

Обвинителството објави дека ја добило битката пред Врховен за сообраќајката кај Универзална од 2015 кога животот го загуби студентката Фросина Цековска. Врховниот суд  ја уважил жалбата на обвинителството и ја сменил казната за возачот Љубиша Видојковиќ од 3 на 4 години затвор. Предметот кој почна во Кривичнот суд со затворска казна од 6 и пол години  дојде до 3 години во Апелација, што е под законскиот минимум за тоа дело.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе