Македонија

(видео)Петмина повредени во сообраќајка на Партизанска

Превртен автомобил на средина на коловозот остана неколку часа поради полицискиот увид. Во директен судир поради непочитување на семафорската сигнализација 5 луѓе се повредени во сообраќајна несреќа на булеварот Партизанска во Скопје.

Полицијата соопшти дека несреќата се случила утрово околу 7 часот на булеварската раскрсница во Карпош, а се судриле автомобил мини-купер и форд транзит. Сите 5-мина патници во куперот се повредени, а тројца од нив имаат посериозни тешки повреди.

Повредените се на возраст меѓу 21 и 47 години.  Очевидците велат дека несреќата се случила поради непочитување на црвеното стоп светло на семафорот. Возачот на комбето кому по несреќата му се активирало и воздушното перниче пак во изјави за медиуми тврдеше дека поминал на зелено по што бил удрен од мини-куперот кој се превртувал и се влечел по асфалтот на Партизанска.

Полицијата по увидот дополнително ќе ги соопшти причините за несреќата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор за полициски службеник кај кого биле пронајдени илјадници евра и злато – тој призна дека сторил проневера во служба

Дејан Дејан

Раст на приходите од патарини во првото полугодие

Дејан Дејан

Обвинение за директорот на Геријатрија- се товари дека побарал мито 20.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе