Македонија Најважни

Мнозинството на раб на мнозинство – Арбен Зибери хоспитализиран на Инфективна

До крајот на неделата се очекува собраниска седница за избор на работните тела. Договорот кој ќе раководи со комисиите е постигнат, но новата неизвесност е дали предлогот ќе добие мнозинство гласови. Минималното владеачко мнозинство од 62 пратеника отиде во минус еден со изборот на Јагода Шахпаска за министерка за труд. Мандатот на новата пратеничка се уште не е верификуван, а нема ниту која да го предложи бидејќи министерката беше и претседателка на Комисијата за верификација на мандатите.

Дополнителен проблем е што интегративецот Арбен Зибери е хоспитализиран на Инфективната клиника со позитивен тест на Ковид 19. Сепак, и СДСМ и ДУИ тврдат дека мнозинство има. Според Заев, поголемо од неопходното.

И ДУИ очекува изборот на комисиите да тече без проблеми, по договорениот принцип: по 8 претседатели на комисии за СДСМ и за ВМРО ДПМНЕ, 3 за ДУИ и две места за Алијанса-Алтернатива.

Според Деловникот, верификацијата на нови мандати треба да ја предлага Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, а таа, како и другите комисии, не е формирана. Сепак, премиерот Заев најавува и други кадровски промени, сметајќи на стабилно собраниско мнозинство. До крајот на неделава ќе ги предложи имињата на замениците министри, се договараат државните секретари, а до крајот на септември Владата ќе именува нови директори во повеќе јавни институции. Дел од нив ќе дојдат од пратеничките редови.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе