Коронавирусот ги попречи плановите на младите парови да застанат пред матичар. Во Гостивар годинава бројот на нови бракови е драстично намален. Тоа директно ги погоди сопствениците на златарниците и продавниците за свечена облека, кои најголемиот дел од профитот го остваруваа токму од свадбите, кои во овој регион се познати по луксузот и гламурот.
Златарите велат дека не паметат толку лоша сезона и се плашат дека ќе мора да затворат.
Од економски аспект ова е тешка година и за сопствениците на продавниците за свечена гардероба. Без свадби тие се речиси и без дневен промет.
Забраната за организирање на свадби и други прослави во угостителски објекти се уште трае. Младите парови, коишто не сакаат да чекаат повеќе за брак, се регистрираат во матичната служба, а прославуваат поскромно.
Данијела Билбилоска