Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 450 тестирања, а регистрирани се 11 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-3, Куманово-1, Тетово-1, Гостивар-1, Гевгелија-1, Крива Паланка-1, Берово-1, Виница-1, Делчево-1.
Починати се 3 лица, пациент од Гостивар (51г), пациент од Прилеп (65г) и пациентка од Виница (78г). Сите се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациент од: Скопје-44, Штип-16, Прилеп-3, Велес-2, Кавадарци-4, Гостивар-2, Гевгелија-1, Струмица-2, Кочани-2, Пробиштип-1, Македонски Брод-2, Виница-3, Свети Николе-11, Кичево-1, Неготино-1.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 75 пациенти. На кислородна поддршка се 43, нема пациенти на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3 нови, вкупно хоспитализирани се 39 пациенти. На респираторна машина е 1 пациент
Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 5 позитивни деца, 3 мајки и 3 деца суспектни на вирусот.