Точно на пладне се одржа жрепката за третото коло од квалификациите за пласман во Лигата на шампионите. Во најинтересниот натпревар од оваа фаза во елитното натпреварување ќе се сретнат прваците на Унгарија и Хрватска, Ференцварош и Динамо Загреб.
Белградска Црвена Звезда ќе гостува во Никозија и ќе се соочи со Омонија, Митјиланд е домаќин на Јанг Бојс, а во останатите два меча за место во следната рунда ќе се борат Карабах – Молде и Макаби Тел Авив – Динамо Брест.
Во квалификациите за настап во шампионската лига во која се натпреваруваат тимовите од земјите со повисок рејтинг, ПАОК за противник ја доби Бенфика, киевски Динамо ќе игра против АЗ Алклмар, а Гент ќе се сретне со Рапид Виена.
Победникот ќе биде решен во еден натпревар, а мечевите ќе се одиграат на 15 и 15 септември.