Вести Македонија Најважни

Заев: Со нова енергија, мотивирани и посветени личности, можеме уште повеќе и подобро

Убеден сум дека само перформансите се реалност и затоа стојам овде пред вас. Се обврзувам дека како премиер со сите министри ќе покажеме уште еднаш и пред себе и пред светот дека можеме уште повеќе и подобро, изјави мандаторот Зоран Заев во експозето пред пратениците во Собранието.
Ова е мала Влада, посочи Заев, што ќе ја предводам и во која членуваат мотивирани и посветени личности, кои ќе работат на остварување на поставените цели во стратешки интерес на државата.
Државата и целиот свет, посочи тој, се наоѓа во ситуација што се заканува на сите сегменти на живеење и со изборот на оваа влада го комплетираме системот што ќе работи за справување со последиците од корона кризата.

На овие избори имавме историска можност со Беса да ја формираме коалицијата Можеме. Денеска таа програма усогласена и дополнета со нашите коалициони партнери ДУИ и ДПА е преточена во програма за работата на владата 2021 – 2024 година. Нова енергија во остварување економски раст, модерно образование и справување со пандемијата, изјави Заев.

Покажавме, што значи да се спасуваат работни места и да се одржува стабилна економија и во време на пандемија, и ова, посочи Заев, е мотив да продолжиме да работиме да се вратиме на стапките на раст, зошто можеме.
– Се обврзуваме во време на криза минималната плата да ја задржиме на 14.500 денари и да ги помагаме граѓаниете и компаниите. По завршување на кризата Владата ќе се обврзе на 20 до 30 отсто раст на минималната и просечна плата. Наша цел е 20 илјади денари минимална плата до крај на мандатот. Во зависност од траењето на светската криза, се обрзуваме да оствариме раст од 4 посто, изјави Заев.
Најави отворање разговор и носење со консензус одлука за даночната политика.
– Износот на нето инвестициите ќе бидат една милијарда евра. Нивото на јавни инвестиции ќе порасне на две милијарди, а стрнаските директин инвестиции на над една и пол милијарди. Домашните и странските инвестиции ќе ги поддржиме со 300 милиони евра од буџетот и 300 милиони од странските фондови, изјави Заев.
Ќе продолжоиме, најави Заев, со инвестирање во нови патишта и автопати и железничка инфрастурктура.
– За да го постигнеме ова е важна стабичност и затоа е неопходно да го заврши својот четиригодишен мандат, изајви Заев.
Следува, посочи Заев, реформа на јавната администрација, со цел да даде максимум ефикасни услуги на граѓаните.
– Пандемијата покажа дека дигиталните услуги и дигитализацијата, не само што се потребни, туку се и неопходни. Токму во таа насока и ќе продолжиме. Ќе разгледаме неколку модели за реформи на администрацијата и намалување за 20 проценти со реорганизација, пензионирање и трансфер во приватниот сектор, изјави Заев.
Најави дека следува целосно прочистување на судството и градење правна држава.
– Судиите за кои ќе се докаже дека свесно и намерно застарувале предмети ќе бидат разрешени. Предметите на СЈО ќе мора да добијат разрешница. Воспоставуваме систем за проверка на имот на сите функциониер. Силната заложба во борбата против корупцијата е и новиот министер за борба против корупцијата, изјави Заев.
Откако влеговме во НАТО, нагласи Заев, ќе покажеме дека можеме и во ЕУ.
– Новата Влада е посветена на договорите од Преспа и со Бугарија, кои го овозможија тоа. Ќе продолжиме посветено да работиме на добрососедските односи. Ќе продолжиме и со Охридскиот рамковен договор, кој е основа на меѓуетничкиот соживот. Пред нас е период во кој како држава ќе добиме многу повеќе отколку што ќе дадеме. Се обврзуваме во следните четири години да отвориме 80 проценти од преговарачките поглавја, изјави Заев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе