Вести Македонија

Незаконски распределби на специјалците во МВР, алармираат синдикалците

Полицски Тигри обучени за специјални задачи спротивно на колективниот договор  биле распределни да чуваат институции амбасади и други објекти или пак во Центарот за обука во Идризово, се жалат од Независниот синдикат на полицијата. Десетина припадници на специјалната единицата Тигри, периодов биле деградирани а се подготвувале уште најмалку толку решенија, па кога ќе се вратат од одмор ќе ги пречека “честитка” за друго работно место. Претставниците на независниот синдикат на полицијата, велат слична е состојбата и во специјалната единицата за брзо распоредување (ЕБР) и во други организации во МВР.

Во решенијата што ги добиле специјалците немало образложение зошто се преместуваат на пониски места, каде нивната обука и спремност нема да биде искористена, туку пишувало само за потребите на службата, објаснува Станковски.

Од МВР одговорија дека решенијата за распоредување се во согласност со Законите за внатрешни работи и за полиција и Колективниот договор во МВР.

Решенијата за распоредување се изготвени по потреба на министерството и работниците се распоредени во иста категорија и ниво со задржување на основните бодови за плата, како и додатоците кои се определени за тоа работно место, велат од мвр.

Овие спорни промени според синдикалците се засилиле периодов меѓу изборите и формирањето на новата влада,  додека на чело на мвр е Агим Нухију. Старо новиот министер кој треба да се врати на чело на полицијата Оливер Спасовски, најави дека ќе ќе анализира што е сработено изминатате 9 те месеци (кога МВР го раководеа Чулев и Нухију). Најави дијалог со вработените и синдикатите и сомнежот го насочи кон Чулев

Од моментот на доаѓање на министер од опозицијата во МВР, таму се случуваа многу чудни работи и многу преместувања и деградации, кои не требаше да се случат ако сакаме да имаме полиција како што сите посакуваме, изјави денеска техничкиот премиер Оливер Спасовски. 

Деновиве на ФБ се огласи и доскорешниот министер Чулев кој обвини дека распределувањата се незаконски, а МВР е заложник на политички игри, а вработените во оваа институција се жртви на политичките пресметки, одмаздувања и реваншизам.

Претходно реагираше и Синдикатот на полицијата според кој бесправно специјалците се ставени во куќарки да чуваат објекти, а вработени во сектори за внатрешни работи се испраќале на работа надвор од местата на живеење.

Елена Ивановска Мукоска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вашингтон соопшти: Постигнат е трговски договор со Кина

Дејан Дејан

Индија и Пакистан постигнаа договор за прекин на огнот

Дејан Дејан

Путин предложи директни преговори со Украина на 15 мај – Зеленски: Те чекам лично во Истанбул

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе