Македонија Најважни

Уривање на дивoградбата кај „Мавровка“, па нов пакет антиковид мерки за старт на новиот мандат на Заев

Откако ниту една фирма не се пријави на огласите на општина Чаир за уривање на дивоградбата пред „Мавровка“, мандатарот Зоран Заев денеска за тоа ја пријави идната влада. На три дена пред да влезе повторно во зградата на Илинденска б.б. Заев вети која ќе му биде првата задача за правење кога ќе седне по вторпат во премиерскотот столче.

„Една од првите работи е и да падне објектот пред „Мавровка“ затоа што е дивоградба и ќе направиме се како влада, разработивме идеи“, изјави Зоран Заев, мандатар на идната влада.

Откако ќе ја урне дивоградбата пред „Мавровка“ Заев вети и подобрување на живеачката за сите граѓани, како и средување на системот, владеење на правото, правда еднаква за сите, зголемување на ефикасноста на правосудниот систем борба против корупција, рационализација на јавната администрација. Задачи, за што рече Заев, ќе треба сите да работат полно работно време од 8 часа.

„Максимална рационализација, веројатно сме први политичари кои ветија рационализација на јавната администрација, за штедење на парите кои ги нема бесконечно и наше право е и обврска каде да одлучиме каде најдобро може да реалоцираме токму тие пари. Затоа и ги намаливме ресорите во владата од 26 сега се 19 министри. Ќе имаме спојување на многу институции и нивна рационализација, но да ја покачиме ефикасноста на самата јавна администрација“, рече Заев.

Сепак она што прво ќе се најде на маса на новата влада, како што најави, е четвртиот пакет мерки за помош на економијата и граѓаните за справување со корона кризата, по која се надева на враќање на стабилните четири проценти раст на економијата.

За мерката која се најде во програмата на новата влада, намалување на прагот на пензионирање за пет години со пропорционално намалување на пензијата, Заев вели дека пари ќе се обезбедат од Фондот за пензиско осигурување за кој рече дека е стабилен и приходите му растат дури и во време на коронакриза и тоа за седум до осум проценти. Инаку пензии се една од поголемите ставки во буџетот на државата за чија исплата и стабилност на Пензискиот фонд годишно се издвојуваат по стотици милиони евра.

Заев сепак покрај тоа што најави засукување на ракавите за средување на работите дома, рече дека помош за тоа ќе побара и од господ.

– Добивте ли благослов за новата влада?

„Благословот го бараме од мајка Богородица. Секако чувајќи не и заштитувајќи не се молиме на господ  да ни даде памет, трпени и сила да мудро и успешно му служиме на нашиот народ.“, рече Заев.

Собранието утре во 11 часот го закажа стартот на седницата на која ќе се разгелдува предлогот на мандатарот за новата влада, која треба да заврши најдоцна в недела на полноќ со гласање „за“ или „против“.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе